Живот во Долнени

за сите!
Програма

Градиме нов цевковод, приклучок на водоводот Студенчица и обезбедуваме чиста вода за Црнилиште, Десово, Браилово

Со приклучок на регионалниот водовод Студенчица, го решаваме проблемот со недостиг на питка вода на жителите на Црнилиште, Десово и Браилово и ги намалуваме трошоците што ги имаат за одржување на бунарските пумпи.

 Го поттикнуваме локалниот економски развој и отворањето нови работни места

Отвораме нова трговска пазарна зона во оштината со цел да ја зголемиме промоцијата и трговската размена на целокупното производство што произлегува од општина Долнени. Преку изработка на Стратегија за локален економски развој ќе создаваме услови за отворање на нови работни места преку поддршка на малото стопанство.

Постојано снабдување со вода за земјоделските површини преку изградба на микроакумулации

Обезбедуваме вода за наводнување на земјоделските површини. Ќе изработиме студија за изградба и реконструкција на микроакумулации и за изградба на мрежи и канали за наводнување во населените места Дебреште, Ропотово, Лажани, Стровија ,Црнилиште, Костинци, Секирци и за реконструкција на акумуалциите во Десово, Борино 1 и 2 и акумулациите во Небрегово – Присад.

Градиме по план, проширување и доградба на регионалниот пат Црнилиште –Лажани- Житоше-Кривогаштани

Ќе соработуваме со централната власт за проширување и доградба на регионалниот пат што ги поврзува општините Крушево и Кривогаштани со што обезбедуваме олеснет сообраќај и транспорт на стоки за нашите сограѓани.