Живот во Дојран

за сите!
Програма

Ќе има обиколница, ќе има мир

Ќе изградиме обиколница од граничен премин Стар Дојран до излезот од Нов Дојран и со тоа ќе го зачуваме мирот на локалното население преку целата година и на туристите во летниот период од годината.

Ќе го вратиме во живот колекторскиот систем и езерото

Ќе го реконструираме постоечкиот и ќе изградиме мини колекторски систем кој ќе ги опфати сите крајбрежни населени места за да го намалиме загадувањето на животната средина и да го подобриме квалитетот на водата во Дојранското Езеро.

Ќе ја вратиме во живот градската плажа во Нов Дојран и нови плажи во Стар Дојран

Ќе ја обновиме и опремиме градската плажа во Нов Дојран со тушеви, лежалки, соблекувални и ќе отвориме нови јавни плажи во Стар Дојран за да го зголемиме бројот на туристи.

Основна инфраструктура за сите

Ќе ја обновиме водоводната мрежа во Фурка и ќе изградиме примарна и секундарна канализациона мрежа во Николиќ, Фурка и Црничани.

Покриен пазар

Ќе изградиме покриен пазар во Нов Дојран.