Живот во Делчево

за сите!
Програма

Квалитетна вода за сите и пристап до атмосферска и фекална канализација

Градиме филтер-станица во која ќе се пречистува водата од хидро акумулацијата „Лошана“ и целосно ги заменуваме азбестно-цементните цевки со ПВЦ. Го решаваме на водоснабдување во Ѕвегор. Ја санираме каптажата на селскиот водовод во с. Стар Истевник и градиме фекална и атмосферска канализација во повеќето населени места.

Градски пазар за сите

Изградба на  современ покриен градски пазар по пат на јавно-приватно партнерство.

Градиме по план, патна инфраструктура за сите

Пробивање, тампонирање и асфалтирање на улици во населба „Пролет“, асфалтирање на улици во населба „Басарица“, изградба на улици во населбите „Ѕвегорска Река“ и „Шумски расадник“. Реконструкција на мост на ул. „Индустриска“.

Доизградба и доуредување на кеј на река Брегалница

Ќе изградиме и ролерска патека и скејт патека од десната страна по целата должина на Брегалница и пешачки мост.

Го промовираме Делчево како туристичка дестинација.

Повторно ќе го отвориме локалниот музеј (кој беше затворен во 2010) и ќе ги вратиме сите фосилни остатоци и други артефакти кои се наоѓаат во музејот во Штип и Скопје каде што припаѓаат. Ќе изработиме студија и проект за водоснабдување на некогашниот бисер Голак.