Живот во Дебaрца

за сите!
Програма

Во секое село чиста и здрава вода за пиење        

Го реконструираме водоснабдителниот систем во Мешеишта, градиме резервоар за водоснабдување во Издеглавје, го подобруваме водоснабдувањето со извориште во “Св. Еразмо”, го реконструираме водоводот Тројани – Оровник, обезбедуваме дополнителни извори за водоснабдување на Климештани, изработуваме Студија за зафаќање на вода за пиење од планината Караорман за селата од поранешната општина Мешеишта, ги приклучуваме сите домаќинства во Велмеј и Требеништа на реконструираните водоснабдителни системи.

Во секое село систем за одведување на отпадните води

Градиме канализациони системи во сите поголеми села. Го довршуваме канализационен систем во Мешеишта и ги приклучуваме домаќинствата во Мешеишта и Горенци.

Дебарца – општина без кал

Ги реконструираме патните правци Ботун – Брежани, Волино село – Мороишта, Требеништа – Мислешево. Ги реконструираме општинските патишта Злести – Белчишта, Арбиново – врска со А2, асфалтираме пат Злести – манастир Св. Богородица и Млин Илинче с. Мешеишта – Црква Свети Илија. Го довршуваме општинскиот пат Мешеишта –Волино, градиме пат Издеглавје – Црква Св. Никола. Градиме и реконструираме улици во селата и ја одржуваме патната инфраструктура.

Моето село

Годишно ќе финансираме 3-5 мали инфраструктурни проекти, во вредност до 120.000 денари, по предлог на месните заедници во општината, врз основа на објавен оглас. Предност при изборот ќе имаат оние проекти за кои селата ќе обезбедат кофинансирање над износот што го доделува општината.

Земјоделецот – наша основна грижа

Усвојуваме стратегија за развој на земјоделското производство во општина Дебрца, со посебен акцент на развојот на органското земјоделско производство. Отвораме откупни пунктови на земјоделски производи и даваме поддршка за отворање на преработувачки капацитети и ладилници. Континуирано ќе вршиме чистење на одводните канали на сите критични точки каде постои ризик од поплавување на земјоделските површини.  Обезбедуваме финансиска поддршка за здруженијата на земјоделците, за иновации во земјоделството и руралниот развој, за најдобрите земјоделци и за посети на земјоделците на домашни и меѓународни саеми.