Живот во Чешиново - Облешево

за сите!
Програма

Вода за сите, се поврзуваме на регионалниот водовод

За навремено и квалитетно водоснабдување, градиме водоводна мрежа со која ги поврзуваме низинските села со  регионалниот водовод на општина Кочани.

Функционална канализација, за здрава животна средина

За населените места Облешево, Бања, Спанчево, Соколарци, Жиганци, Уларци, Бурилчево, Теранци обезбедуваме функционална фекална канализација со што ќе придонесеме за поздрава животна средина.

За чист воздух и пониски трошоци обезбедуваме гасификација на општината

За поспокоен живот на граѓаните, за здрава животна средина и економски развој, преку приклучување на регионалниот гасовод ќе овозможиме достапност на гасот како евтин енергенс до секој објект во општината.

Го поттикнуваме економскиот раст, отвораме индустриска зона

Отвораме индустриска зона во која ќе се изградат преработувачки капацитети за земјоделските производи со што ќе се отворат нови работни места и младите ќе останат тука.

Регулирање на речните корита на р.Брегалница и Кочанска река

Ја заштитуваме општината од поплави и ерозија преку регулирање на речните корита на реката Брегалница и Кочанска река