Живот во Чашка

за сите!
Програма

Вода за сите, Филтер-станица за водоснабдување во населбата Чашка и нов водовод за село Лисиче

Трајно го решаваме проблемот со водоснабдување во населба Чашка преку изградба на филтерна станица и истовремено отвораме можност за снабдување со чиста вода за пиење и на блиските околни села  како Отиштино, Раковец, с. Чашка и Еловец. Истовремено, обезбедуваме и нов водовод за жителите на село Лисиче.

Градиме по план, нов мост во Богомила

Градиме нов мост кој, ќе му даде сосема нов лик на селото, ќе биде безбеден и функционален за премин на моторни возила, со што придонесуваме за ефикасен и безбеден сообраќај.

Канализациони мрежи во Горно и Долно Јаболчиште, Горно Врановци, Согле и Оморани

Ставаме крај на септичките јами и ја заштитуваме животната средина преку изградба на фекална канализација во Горно и Долно Јаболчиште, Горно Врановци, Согле и Оморани.