Живот во Центар Жупа

за сите!
Програма

Вода за сите преку изградба на нов базен за вода

Пристапуваме кон изградба на нов и поголем  базен, кој ќе ги снабдува селата Центар, Голем и Мал Папрадник, Баланци, а планирана е и изградба на нова водоводна мрежа до останатие села.

Изградба на детска градинка за згрижување на децата

Градиме градинка за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст која ќе обезбеди престој, нега, исхрана, воспитно-образовни, спортско-рекреативни, културно забавни активности, поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот и соцјалниот развој на децата.

Градиме по план, модерни патишта за ефикасен и безбеден сообраќај и изградба на велосипедска и пешачка патека

Придонесуваме за сигурен и ефикасен транспорт во општината. Ќе инвестираме во реконструкција и изградба на нови локални патишта и изградба на велосипедска и пешачка патека за ефикасен и безбеден сообраќај за сите.