Живот во Центар

за сите!
Програма

Уредување на сообраќајниот режим и паркинг за сите

Преку уредувањето на сообраќајниот режим, воведуваме резидентни паркиралишта наменети единствено за станарите. Брзината на движење по најфреквентните улици ја ограничуваме на 30 км/ч. Ги ослододуваме тротоарите за пешаци со поставување граничници покрај тротоарите, а ќе градиме и нови велосипедски патеки. Ќе бидат поставени монтажни гаражи во Капиштец на паркираштето кај ДТЦ Дилајла, кај Хотел Парк во Градскиот парк и кај пазарот Буњаковец.

Градинки за сите деца

Ќе изградиме нова градинка во населбата Маџир маало со капацитет од вкупно 150 дечиња, за населбите Маџир маало, Пролет, Ново маало и Крњево. За да обезбедиме соодветни услови за здрав детски развој, имаме детален план за реновирање и уредување на сите детски градинки што функционираат во општина Центар.

Нови игралишта, паркови и зелени површини, за почист воздух

Изградба на „маалски“ паркови со автоматски системи за наводнување и поставување на нова урбана опрема. Изградба на нови детски игралишта со опрема изработена според најсовремени безбедносни стандарди. На повеќе локации низ општината ќе изградиме паркови кои ќе бидат наменети за домашните миленици со современа урбана опрема.

Функционален водовод и канализација за сите

Градиме соодветна водоводна и канализациска мрежа во Ново маало, Маџир маало и Кале и ја обновуваме водоводната и канализациска мрежа онаму каде што има потреба.

Градиме по план, енергетски ефикасни фасади и вертикални градини

Воведуваме субвенционирање за енергетски ефикасни фасади на постарите станбени објекти, со што ќе се овозможи голема заштеда на средства потрошени за електрична и топлинска енергија. Ќе ги реконструираме и покривите на постарите станбени објекти и ќе култивираме вертикални градини (ѕидови покриени со зеленило).