Живот во Брвеница

за сите!
Програма

Градиме по план, нова детска градинка во Брвеница

Се надминуваат проблемите и се создаваат подобри услови за живот на жителите на општината кои своите деца ги носат на дневен престој во детските градинки во Тетово.

Инфраструктура за сите, за достоен живот

Довршување на фекалната канализација во Брвеница, Радиовце, Челопек, Милетино, Долно Седларце и изградба на атмосферска и фекална канализација каде што не е започната. Изготвување и реализација на проект за водоснабдување во Гургурница.

Вода за сите, модернизација на системите за наводнување

Со модернизација и пуштање во функција на системите за наводнување поголем дел од земјоделските површини ќе бидат обработливи и наменети за повеќе посеви кои имаат потреба од наводнување. Со тоа, поттикнуваме се повеќе жители да се занимаваат со земјоделие.

Изградба и реконструкција на патишта, за безбеден сообраќај

Довршување на клучката на автопатот Скопје –  Гостивар, подобрување и поквалитетно одржување на патната инфраструктура во Гургурница, асфалтирање на локалниот пат Милетино – Блаце, поплочување на патот до црквата св. Троица, поплочување на локални патишта во долно Седларце.

Решавање на проблемот со дивите депонии, за здрава животна средина

Дислоцирање на дивата депонија со медицински отпад во Тетово и решавање на проблемите со дивите депонии во Милетино, Долно Седларце, Брвеница и во другите населени места.