Живот во Македонски Брод

за сите!
Програма

Нов безбеден мост на р.Треска, за бебзеден сообраќај

Го реконструираме мостот на Треска што ги поврзува двете страни на Македонски Брод и дополнително градиме патеки за пешаци и велосипедисти со што ќе се зголеми безбедноста и ефикасноста на сообраќајот.

Алтернативен водоснабдителен систем, вода за сите

Ги намалуваме трошоците за вода, преку обезбедување вода од алтернативен водоснабдителен систем.

Реконструкција на постојните колектори за отпадни води, за здрава животна средина

Обебзедуваме ревитализација на прочистителната станица и колекторскиот систем, со што ќе придонесеме за заштита на животната средина, чиста вода во реката Треска и можност за развој на повеќе стопански дејности.

Го обновуваме градскиот парк, го заштитуваме споменикот на НОБ

Целосно го обновуваме постојниот градски парк со што создаваме место за рекреација на граѓаните и дополнително го заштитуваме споменикот на НОБ.