Живот во Босилово

за сите!
Програма

Квалитетна вода за сите

Со вградување на современа технологија во х.с Иловица ќе го подобриме квалитетот на водата за пиење. Со дислокација на доводниот цевковод Радово – Босилово од х.с. Иловица ќе се обезбеди континуирано водоснабдување и ќе се спречи уништувањето на локалниот пат Босилово – Радово. Ќе ја реконструираме водоводната мрежа во Босилово и ќе изградиме водоснабдителен систем во Гечерлија и Сарај.

Канализација и канали за наводнување и одвод

Градиме нови канализациони системи (во с.Робово), и ги реконструираме постоечките каналски мрежи во повеќето населени места во општината. Имаме план за изградба на канали за атмосферска вода, канали за наводнување и за одводнување во сите населени места.

Гасификација на оранжериското производство во Бориево и Моноспитово

Со проектот за гасификација на оранжериското производство во Бориево и Моноспитово со природен гас, ја олеснуваме работата на земјоделците кои сега користат дрва.

Изградба и реконструкција на локални патишта, за безбеден сообраќај

Изградба на локален пат Иловица-Дрвош, Старо Балдовци-Дрвош, Иловица –Радово, Секирник-Штука, Босилово-Робово (стар пат), реконструкција на локалниот пат Просениково-Сарај со изградба на мост, Турново-Иловица, Реконструкција на дел од локалниот пат Дрвош-Хамзали и изградба на мост на река Струмица меѓу Босилово и Еднокуќево.

Изработка на нови урбанистички планови

Со носењето на повеќе урбанистички планови, ќе можат да се привлечат повеќе инвестиции, ќе нема проблеми во имотно правните работи, ќе се продава градежното земјиште, и ќе можат да се дооформат градежните парцели со откуп на земјиштето.