Живот во Богданци

за сите!
Програма

Го решаваме проблемот со фекални отпадни води во општина Богданци

Доградуваме краци на фекална канализација во населени места каде не постојат и овозможуваме приклучување на сите граѓани и деловни субјекти кои не се приклучени. Ќе го реконструираме колекторскиот систем и ќе изградиме пречистителни станици во Богданци, Стојаково и Ѓавото.

Квалитетна вода за сите!

Ќе изградиме потисен цевковод за водоснабдување на Стојаково и Селемли кои сѐ уште се снабдуваат со вода од водоводната мрежа на „Комуналец“ – Гевгелија и се соочуваат со недостаток на вода во одреден временски период. Ќе ја реконструираме секундарната водоводна мрежа во општина Богданци со замена на азбестните цевки со полипропиленски.

Патна инфраструктура за сите

Ќе го реконструираме и прошириме регионалниот пат Гевгелија – Богданци- Фурка и ќе го реконструираме локалниот пат Стојаково – Селемли. Ќе ги реконструираме и улиците во сите населени места во општина Богданци. Ќе го уредиме влезот на населените места од општина Богданци со изградба на кружни текови, тротоарски површини, хортикултурно уредување, и ќе поставувиме соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација и информативни табли.

Урбано планираме и плански градиме!

Ќе изработиме урбанистички планови во најкраток рок за да овозможиме развој на општината на сите полиња.

Го решаваме проблемот со отпадот во општината

Воведуваме систем за интегрирано управување со отпад со цел намалување на деградацијата на пошироката околина. Ќе ги расчистиме и санираме дивите депонии и загадените области и ќе воведеме систем за селекција на отпад и локации за интерен отпад.