Живот во Битола

за сите!
Програма

Гасификација на Битола, за почист воздух и за пониски трошоци

За здрава животна околина, пониски трошоци и економски развој на општината ќе донесеме гас до секое училиште, амбуланта, детска градинка, институција, до фирмите и до секое домаќинство во Битола.

Современ јавен превоз, мерки за чист воздух

Го намалуваме сообраќајниот метеж и овозможуваме брз и ефикасен јавен превоз за граѓаните, со нови еколошки возила и нови возни линии кон Брусничко –Лавчанска, Буковски Ливади, Карпош, Стрелиште, Баир и Боримечка, како и кон руралните средини.

Нов систем на управување со отпад

Преземаме мерки за чиста животна околина, чист воздух и чиста вода. Градиме рециклажен систем за механичко-биолошка обработка на отпад и распоредуваме канти и контејнери за складирање и селекција на отпад на повеќе локации во секое населено место и маало.

Обнова на поранешниот офицерски дом

Обнова, адаптација и пренамена на Офицерскиот дом во Дом на културата во кој ќе се одржуваат свечености, приеми, концерти, проекции, изложби и други активности од областа на културата и јавниот живот.

Градиме по план, нов спортски комплекс

За потребите на граѓаните, младите луѓе и спортистите ќе изградиме модерен мултифункционален спортски комплекс со стрелана, куглана, повеќенаменски мали сали, спортска кафетерија. Вложуваме во здрав спортски живот на граѓаните на Битола.