Живот во Берово

за сите!
Програма

Функционален водовод и канализација за сите

Изградба на нов водовод во Ратево и каптажа, резервоар и цевковод за водоснабдување во Двориште.Изградба на канализација во Будинарци, Мачево и доизградба во Владимирово, Митрашинци, Ратево, Русиново.

Реконструкција на руинираните улици, за безбеден сообраќај

Реконструкција на руинираните улици во градот Берово и во другите населени места и воспоставување на сообраќаен режим од еднонасочни улици во градот.

Одговорно управување со комуналниот отпад, за здрава животна средина

Општината ќе понуди локални решенија за навремено и организирано собирање на комуналниот отпад, контролирано исфрлање на градежен шут и зголемен инспекциски надзор. За постигнување на таа цел ќе се направи реорганизација на јавното комуналното претпријатие во делот на собирање отпад и негова техничка опременост. Ќе се изврши и обезбедување на постоечката депонија до изнаоѓање на решение за нејзина регионална дислокација.

Уредување на кејот на реката Брегалница

Уредување на кејот на реката Брегалница во едно убаво, целосно осветлено шеталиште кое ќе понуди и спортски содржини како што се патека за возење ролери и велосипед. Паркот на кејот ќе биде збогатен со содржини за деца.

Ги задржуваме младите тука, отвораме Младински културен центар

Отворање на младински културен центар со реновирање на кино салата и градската библиотека. Реновираните простории во склоп на библиотеката ќе нудат најразлични креативни содржини за младите.