Живот во Арчиново

за сите!
Програма

Нова водоводна мрежа и канализација за сите

Со изградба на новата водоводна мрежа, секое семејство ќе има пристап до чиста вода. Водоводната мрежа ќе ги покрива и околните села во рамките на општина Арачиново како што се Орланци, Мојанци и Грушино. Канализацијата е огромен капитален проект што ќе се гради во три фази и во кој ќе се поврзат сите населени места од општината Арачиново.

Нова градинка во Арачиново

Градиме градинка по сите европски стандарди, која ќе има капацитет да прими најголем дел од децата, за нивните родители повеќе да не ги носат во градинки во други општини кои се неколку километри оддалечени од Арачиново.

Градиме по план,  три нови училишта до петто одделение и ново средно училиште

Со изградба на три нови училишта, кои ќе бидат од помал обем и географски ќе бидат распределени во Арачиново, учениците до петто одделение ќе имаат подобри услови за школување и она што е најважно, нема да мора да патуваат секој ден по неколку километри до најблиското училиште. Со изградба на ново средно училиште, ќе се олесни пристапот на средно образование на стотици деца од општина Арачиново.

Здравје за сите, изградба на поликлиника во Арачиново и здравствени домови во Орланци и Грушино

За подобра здравствена заштита, градиме поликлиника со сите примарни здравстевни услуги (гинекологија, стоматологија, акушерство, брза помош, лабараторија…) во Арачиново и здравствени домови во село Орланци и Грушино.

Изградба на нови асфалтирани улици, за достоен живот

Ќе се асфалтираат сите улици и патишта во општина Арачиново а на главните улици ќе се изградат и тротоари кои ќе го олеснат движењето на пешаците и ќе ја зголемат безбедноста во сообраќајот.