Живот во Аеродром

за сите!
Програма

Го обновуваме уличното осветлување на цела територија во Аеродром

За безбедни и прегледни улици во општина Аеродром, го обновуваме уличното осветлување со нови лед штедливи светилки.

Гасификација на Аеродром, за почист воздух и за пониски трошоци

Го решаваме проблемот со енормно загадениот воздухот во Аеродром. За почист воздух и здрава животна околина, за пониски трошоци и за економски развој на општината ќе донесеме гас до секое училиште, амбуланта, детска градинка, институција, до фирмите и до секое домаќинство во Аеродром.

Редовно водоснабдување за граѓаните и функционална канализација

Го решаваме деценискиот проблем со снабдувањето со вода што со години го отежнуваше нормалното функционирање на граѓаните од Аеродром. Ќе извршиме замена на старата водоводна мрежа и ќе изградиме фекална и атмосферска канализациона мрежа во сите населени места каде што недостасува.

Мерки за чист воздух, субвенционираме енергетско ефикасни фасади и набавка на печки за греење на пелети

Формираме локален центар за сервисирање на барањата на граѓаните, јавните установи и претпријатија за изготвените проекти за енергетска ефикасност. Општината ќе субвенционира промена на старите со нови енергетско ефикасни фасади и финансиски ќе помогне при набавка на печки за греење на пелети.

Градиме по план, нова гимназија „Кузман Јосифовски-Питу“

На барање на граѓаните во соработка со централната власт градиме ново средно училиште, гимназија „Кузман Јосифовски-Питу“ и создаваме услови за достапно и квалитетно образование за сите.

Градиме мултифункционален културен центар

Градиме мултифункционален културен центар кој ќе содржи кино сала, театар за деца и младинци, библиотека, планетариум, катче за детско културно творештво, простор за содржини и за повозрасните граѓани.